сезона 1
Пештера од Раце
"Пештера од раце" ја симболизира клупската култура во деновите кога беше најгласнa. Кога конекцијата на луѓето беше најблиска на подиумот за танцување. подигнатите раце симболизираат ниво на среќа и уживање. Се чини дека сето ова се случувало одамна, во некое друго време. Доаѓаат нови епизоди секоја втора среда.
artwork by: Mitrik Aleksandar
Епизода 1 - DJarto
DJarto започнува со својата пасија кон музиката уште од раните 90ти години како радио водител на емисии за електронската музика, подоцна станува основоположник на електронската сцена во Куманово, како и долгогодишен резидент на легендарниот клуб Линка. Првобитен заљубеник во прогресивниот хаус инспириран од посетата на легендарниот клуб Twilo во 98 година, низ годините константно го менува својот музички стил кој во последните години се рафинира во groovy/minimal/dub techno. Techno-tourist, globe trotter, во постојана потрага по нов фестивал, успеа да има настапи на Burning Man две години по ред. Заљубеник во звукот од винил, во Македонија е дел од протмотерската група Хауз.
Епизода 2 - JosS
Уникатен избор на музика и одличен стил на миксање се работи кои го одликуваат JosS. Посебно внимание посветува на деталите на звукот, без посебни придржувања кон одреден стил. Особена пасија има кон собирање плочи, а со тоа непрекинато ја надоградува домашната колекција. Работи на авторска музика и наскоро се очекува негово издание. Се појавува како дел од тимовите на промотерските организации Акто, Хауз и Пирка.
Епизода 3 - Iceberg
Iceberg е македонски диџеј кој во својата кариера го делел пултот со реномирани светски имиња. Со хаус музиката се конектира во раните 90ти години и непрестано е во потрага на продлабочување на неговиот стил. Со инспирација за неговите динамични сетови се стекнува од Романската сцена, што го прави соодветен гостин за “Roomania” подкастите. Препознатлив е по својата етикета “Artefact Records” и по неговата радио емисија „Departures“, која 8 години вртеше на Клуб ФМ.
Епизода 4 - Dimitri Monev
Dimitri Monev е еден од водичите на новиот бран уметници на електронска музика во Бугарија. Неговиот стил се издвојува на електронската сцена. Спојка од минимал звуци, хаус вокали и искршени хип-хоп битови е дел од палетата со која располага за создавање врева на диско подиум. Активен е и како продуцент кој брои многу изданија за познати етикети.
Епизода 5 - Mitirk & Samardjiski
Самарџиски е еден од основачите на колективот Room 313 каде се јавува во улога на диџеј и промотер. Првиот допир со музички инструмент го носи на пат исполнет во експериментирање со различни стилови на музика, варирајќи од класични и џез композиции до рок и метал тематики. Ова постепено го доведува до техното, каде што се задржува одреден период, а потоа продолжува да го развива и продлабочува својот звук во нови неистражени жанрови на музика. Низ неговиот период како дел од Room 313 врши соработки со голем број на артисти (домашни и странски) кои го надоградуваат неговиот смисол за диџеј сет.
Митрик се појавува на сцената во 2013 година и го гради името заедно со неговиот бренд Соба 313, каде што е основач, промотер, организатор на настаните и диџеј. Оваа етикета брои повеќе од 100 настани (клупски и фестивалски) до ден денес, на кои биле промовирани многу македонски и странски артисти од различни жанрови и правци низ електронската музика. Ваквите соработки влијаат на него со што му ги отвараат музичките граници и го дополнуваат рецептот за неговиот диџеј сет. Настапи имал низ многу клубови и фестивали. Како продуцент е дел од дуото Ваксин 313.