сезона 2

ослободи се

Концептот и идејата е ослободување, или како што симболизира постерот да се „искорнеме од оковите” на негативни мисли кои ги наметнаа медиумите и општеството, а во кои сме заробени сега. Сето ова ќе помине, но до тогаш мора да живееме слободно во сегашноста, прифаќајќи ја новата „нормалност”. Доаѓаат нови епизоди секоја втора среда.

Епизода 1 - NairLess

NairLess е вложен во музиката од рана возраст. Започнува со свирење пијано на четиригодишна возраст и брзо ја открива страста кон композиција, осцилирајќи помеѓу класичната и џез музиката. После долгиот престој во Пекинг, се заинтересирува за електронската музика и навлегува во прекрасниот свет на компјутерска музика.

Неговите продукции вклучуваат длабока и енергична музика, често комбинирана со атмосферски слоеви, допир на “acid” и “breakbeats”.

Епизода 2 - Marko Nastič

Марко Настиќ е водечкиот југоисточен европски диџеј. Во проблематичната Србија од 90-тите, Марко и неговите пријатели ја изградија една од најживописните клупски сцени во Источна Европа, онаа што ги инспирираше писателите на „Mixmag“, „The Face“, „DJ“ и „NME“ да напишат признанија многу одамна. Тие се спротивставија на мрачните сили на политичкото лудило преку електронската музика и прослава на животот.

Епизода 3 - BerryQyat

Уште од најрана возраст, музиката и начинот на кој звукот функционира го одвлекува вниманието на Стефан Милевски и го предизвикува на изучување музички инструменти. Набрзо, започнува да свири контрабас во училишниот оркестар, а подоцна се појавува и како дел од градскиот мандолински оркестар. На 12 години се запознава со денс музиката, а веќе од следната година присуствува на голем број рејв настани кои се случуваат во неговиот град и длабоко навлегува во електронската музика. Љубопитноста за откривање и спојување на нова музика, кај Стефан оформува уникатна основа да започне со диџејство. Од 2015та е колекционер на “vinyl” плочи и неговите уникатни диџеј сетови и настапи стануваат дел од најзначајните дискотеки и настани во Македонија под името “BerryQyat“. Неговиот рецепт за микс патува низ повеќе жанрови базирани на хаус, проследени со игрив грув и добра динамика.

Епизода 4 - Nemax

Одложено

Епизода 5 - Mitrik & Samardjiski

Самарџиски е еден од основачите на колективот Room 313 каде се јавува во улога на диџеј и промотер. Првиот допир со музички инструмент го носи на пат исполнет во експериментирање со различни стилови на музика, варирајќи од класични и џез композиции до рок и метал тематики. Ова постепено го доведува до техното, каде што се задржува одреден период, а потоа продолжува да го развива и продлабочува својот звук во нови неистражени жанрови на музика. Низ неговиот период како дел од Room 313 врши соработки со голем број на артисти (домашни и странски) кои го надоградуваат неговиот смисол за диџеј сет.

Митрик се појавува на сцената во 2013 година и го гради името заедно со неговиот бренд Соба 313, каде што е основач, промотер, организатор на настаните и диџеј. Оваа етикета брои повеќе од 100 настани (клупски и фестивалски) до ден денес, на кои биле промовирани многу македонски и странски артисти од различни жанрови и правци низ електронската музика. Ваквите соработки влијаат на него со што му ги отвараат музичките граници и го дополнуваат рецептот за неговиот диџеј сет. Настапи имал низ многу клубови и фестивали. Како продуцент е дел од дуото Ваксин 313.