Dimitri Monev

/coast2coast; retrospect/

Гледајќи наназад, нема сомнеж дека музиката завзема посебно место во животот на Димитри. Пресудниот чекор се случува во 2004-та година кога ја купува првата професионална опрема. Од тој момент, создавањето врева посакува да го пренесе на диско подиум. После неколкугодишно настапување исклучиво за пријатели, тој одлучува да оди чекор понапред. За краток период, неговата популарност се зголемува и резултира во признавање на еден од водичите на новиот бран уметници на електронска музика во Бугарија. Околу 2008-ма година, Димитри Монев оди ниво погоре преку разработка на длабоките темни битови на “old-school” хип-хоп. Почнува да ги изразува своите мисли и емоции преку создавање негов звук, на начин што на неговата публика и дава можност да слушне висококвалитетна електронска музика и да ги натера да се сочувствуваат, разбираат и поврзуваат преку неа. Во 2011-та година се раѓа партнерство кое ја продолжува приказната на етикетата „Alboratory“, која се  опишува со истите зборови што може да се користат за опис на сетовите на Димитри – „од дип тек-хаус до груви даб техно, никогаш на едно место“. Денес “Alboratory“ е важен склоп на андерграунд културата бидејќи соработува со соодветни уметници од целиот свет. Бесконечната еволуција на светот на Димитри продолжува во 2013-та година со неговото последно дело – „THE NXT GEN“, винил етикета и агенција за настани, чија цел е да ги промовира претстојните ѕвезди на светската сцена.