Mitrik

/Room 313, roomania/

Митрик се појавува на сцената во 2013 година и го гради името заедно со неговиот бренд Соба 313, каде што е основач, промотер, организатор на настаните и диџеј. Оваа етикета брои повеќе од 100 настани (клупски и фестивалски) до ден денес, на кои биле промовирани многу македонски и странски артисти од различни жанрови и правци низ електронската музика. Ваквите соработки влијаат на него со што му ги отвараат музичките граници и го дополнуваат рецептот за неговиот диџеј сет. Во 2021 година ја осмислува и гради мултимедијалната платформа ROOMANIA.мк, која е единствениот серијал на аудио епизоди, музички настани, магазин за електронска музика и букинг агенција, во едно, во Македонија. Настапи имал низ многу клубови и фестивали во Македонија и надвор од неа. Како продуцент е дел од дуото Ваксин 313.