DJarto

/hauz/

DJarto започнува со својата пасија кон музиката уште од раните 90ти години како радио водител на емисии за електронската музика, подоцна станува основоположник на електронската сцена во Куманово, како и долгогодишен резидент на легендарниот клуб “Линка”. Првобитен заљубеник во прогресивниот хаус, инспириран од посетата на легендарниот клуб “Twilo” во ’98ма година, низ годините константно го менува својот музички стил, кој во последните години се рафинира во groovy/minimal/dub techno. Techno-tourist, globe-trotter, во постојана потрага по нов фестивал, успеа да има настапи на “Burning Man” две години по ред. Заљубеник во звукот од винил, во Македонија е дел од протмотерската група “Хауз”.