Marko Nastić

/easy tiger, SRB/

Marko Nastić

Марко Настиќ е водечкиот југоисточен европски диџеј. Во проблематичната Србија од 90-тите, Марко и неговите пријатели ја изградија една од најживописните клупски сцени во Источна Европа, онаа што ги инспирираше писателите на „Mixmag“, „The Face“, „DJ“ и „NME“ да напишат признанија многу одамна. Тие се спротивставија на мрачните сили на политичкото лудило преку електронската музика и прослава на животот.

Диџејството и музиката отсекогаш се дел од позадината на Марко. Дури и во неговите тинејџерски години беше фасциниран со синтисајзери, машини за тапани и други гаџети за правење звук. Кога техното започна да се филтрира до Србија во раните 90-ти, Марко со нетрпение се појави на сцената.

Наскоро, почна да се шири глас за тинејџерско техно чудо и оваа енергија се канализира во млад и аспирантен диџејски тим наречен „Teenage Techno Punks“ – сите на возраст под 18 години. Настиќ беше лидер на тимот, кој набрзо стана најбараниот талент на електронската музичка сцена во Југоисточна Европа. Редиците кон влезовите во клубовите кога  настапуваа тие беа подолги од кога било, а тоа се прошири и надвор од Србија.

Како што техно музиката стануваше по популарна во Србија, ескалираше и балканскиот конфликт. Овие околности го обликуваа и зајакнуваа Марко. Бесплатните забави што ги правеа во тие времиња сè уште се урбана легенда во Белград.

После војната, клупските сцени во соседните земји станаа свесни за невидените диџејски способности на Настиќ и неговиот препознатлив стил на три грамофони. Оттогаш, Марко созреа во диџеј кој не може да се дефинира како чисто техно, хаус или минимал; тој е сето тоа, и многу повеќе.