LTX

/Room 313/

Уште од најрана возраст покажува љубов кон музиката и совладува неколку музички инструменти. Од класичното пијано до рок енд ролот и диско музиката, вниманието го задржува на високо-квалитетните електронски музички правци. Неговиот стил непрестано еволуира. Уникатните и креативни техно и електро се стилови кои длабоко ги истражува и вклопува во неговите сетови. Во 2013 година ја основа радио емисијата “Techno zoom” преку која промовира и шири техно култура во Македонија. Во 2013 година ја формира промотерската асоцијација “Room 313” заедно со Митрик и Самарџиски и е дел од организацијата на над 100 настани. Има настапувано во и надвор од Македонија.