сезона 3
Умовни улички
Отворена е новата сезона на проектот „Roomania“ од Room 313, проект кој промовира квалитетна музика од квалитетни уметници и досега e доста успешен. Третата сезона, “Mind Alleys”, обликува идеја за длабоко нуркање во своите мисли и истражување на кривите улички на умот. Да се биде во можност за познавање и контролирање на мислите што минуваат низ умот на дневна основа, не е лесна задача, но со помош на длабоките звуци на третата сезона, дел од притисокот ќе биде ослободен. Затоа, нурнете длабоко во првата епизода од оваа сезона и започнете да ги истражувате уличките во вашиот ум.
artwork by: Долорес Соколова
Епизода 1 - DeepAct
Епизода 2 - De Yan
Долгогодишен љубител на музика кој има страст кон генералниот концепт за тоа како звукот функционира. Креативно, најдобро се изразува преку музичката продукција од која излегува желбата за создавање музика во многу различни стилови, издадена под неколку псевдоними. Logos Recordings, Zingiber Audio и Welter се само неколку од долгата листа на етикети под кои тој ја издава својата музика. Неговата музичка и уметничка креативност ја споделува во колективите HAUZ и Pirka, каде се јавува како активен член.
Епизода 3 - Mike.D
Mike.D (диџеј и продуцент) е основач на Salomon Records заедно со долгогодишниот пријател Lopx, од Хуарез-Чивава. Tој е еден од талентите на новата генерација на диџеи и продуценти од северот на Мексико. Неговиот музички избор и одличните вештини на миксање му дадоа можност да настапува во “Hardpop” како гостин неколку години со ред. “Hardpop” е еден од најдобрите клубови во Мексико и многу посетуван од меѓународни диџеи. Како продуцент, издава музика под етикетите на Kanja Records, Kina Music, The Lab, Dream Culture. Неговата музика ја вртат реномирани артисти како Arapu, Sepp, Cosmjn, Maher Daniel, Mihai Pol, Sublee, Crihan, Vincentiulian и многу други.
Епизода 4 - dAFILOV
Израснат во Италија, меѓу култура полна со музика и емоции. Пасијата и потрагата како звукот функционира стануваат дел од животот на Дафилов уште од негова најрана возраст. Понесен од музичките стилови во 60тите и 70тите, ги пронаоѓа првите идоли во прегресив рок, блуз и џез музика. Од 11 години започнува да изучува музички инструменти. Успева да се пронајде како гитарист и вешто ги исфрла своите емоции преку рифови и солажи. Воден од желбата да остави свој музички белег, учи да компонира и да прави музика. Ова музичко патување и истражување го носи до електронската музика која најдолго го задржува неговото внимание. Во сетовите на Дафилов може да се чуе претенциозен, игрив и енергичен тек-хаус, на кој како што самиот вели, “Oва е музика за подиум со душа!”.