Стојче Цветановски ќе го одбележи својот јубилеј, 50-то издание на плоча, со целовечерен сет во клубот Епицентар!

Во светот на електронската музика, креативноста и иновацијата се почитувани квалитети кои ги вреднуваат најдобрите продуценти и артисти. И еден од тие, чие музички приказни се вистински спектакли во ова подрачје е Стојче Цветановски. Неговото име го слушнавме во исклучителност и го почитуваме како легенда во светот на техно музиката, но секогаш е особено драго кога имаме можност да го доживееме во нашето Скопје.

Стојче Цветановски, продуцентот кој го освои светот со своите уметнички вештини и музички израз, го прославува својот јубилеј, 50-то издание на плоча. Во чест на овој музички јубилеј, Стојче подготвува целовечерен диџеј сет, кој ќе биде уникатно искуство. 

Во клубот Епицентар, Скопје, на 28-ми Октомври ќе биде прилика за фановите на Стојче да го доживеат неговиот магичен израз во живо.

Неговото осмо издание на својот лејбл “Tangible Assets”, како што веќе споменавме за него е јубилеј, бидејќи е 50-то издание на плоча, каде неговото име се појавува. Плочата веќе се наоѓа на полиците од плочарите и го освојува светот со својот звук.

Ова издание на плочата носи наслов “Stojche – Asset 008 (Tangible Assets)” и вклучува четири композиции:

  • A1 Frontline
  • A2 Body Language
  • B1 Farewell
  • B2 Nihilism

Може да се преслушаат и да се нарачаат на следниот линк.

“Tangible Assets” како издавачка куќа се занимава со промоција на андерграунд техно култура од самиот почеток во 2011 година. 

Четирите дистинктно фокусирани техно теми кои се појавуваат на ASSET008 прикажуваат моќен техно-фанк карактер, а динамиката на плочата лежи во брзото темпо на звукот. Протагонистот зад “Tangible Assets” добро го познава овој терен и ветува дека драмата тек следи со идните изданија.

Проследете го неговиот сет на популарната платформа HÖR од Берлин, снимен минатата година.

Билети за настанот ќе може да се купат на самиот влез. За повеќе информации следете го инстаграм профилот на клубот Епицентар.