Викенд програма во клубот Епицентар. Нов ROOMANIA настан.

"Локалните артисти секогаш се на прво место во клубот и имаме одлична соработка со нив. Потребни сме едни со други да се дигнеме и да застанеме на нозе после пандемијата" вели Марин Басотов.

Во првата половина од месец Ноември, вратите на клубот Епицентар повторно се отворени по долгата пауза. Подиумот кој го поседува овој локал го имаат разиграно многу угледни имиња од модерната електронска сцена. Во програмата која ја нуди клубот во оваа сезона особено внимание ќе имаат македонските диџеи и продуценти.

‘’Локалните артисти секогаш се на прво место во клубот и имаме одлична соработка со нив. Потребни сме едни со други да се дигнеме и да застанеме на нозе после пандемијата. Во тек се првите викенд програми откако отворивме, продолжувме каде што застанавме. Работиме со креативни луѓе. Продолжува соработката со Amok Radio, Oubli, Pirka, Room 313, Hauz, PMG, Skopski gruv, но ќе дадеме шанса и на нови екипи и помлади артисти да креираат настани со нас и да бидат дел од нашата приказна. Освен хаус и техно, на програмата се и Sure Shotz со нивниот Thursday Shake, а ќе ја вклучиме и македонската транс сцена. Све што е македонски клабинг во моментов, а понатаму секако ќе имаме и гостувања.

                                   вели Марин Басотов, сопственик на клубот.

Во престојната викенд програма, нов ROOMANIA настан ќе се случи во Петок. Позади диџеј пултот застануваат Mitrik & Samardjiski како резиденти, а нивни гостин е BerryQyat, кој со својот музички избор и техники на миксање се издвојува на македонската сцена.

Во продолжение може да прочитате нешто повеќе за артистите и да ги преслушате сетовите кои ги објавија во аудиосеријалот на ROOMANIA:

Уште од најрана возраст, музиката и начинот на кој звукот функционира го одвлекува вниманието на Стефан Милевски и го предизвикува на изучување музички инструменти. Набрзо, започнува да свири контрабас во училишниот оркестар, а подоцна се појавува и како дел од градскиот мандолински оркестар. На 12 години се запознава со денс музиката, а веќе од следната година присуствува на голем број рејв настани кои се случуваат во неговиот град и длабоко навлегува во електронската музика. Љубопитноста за откривање и спојување на нова музика, кај Стефан оформува уникатна основа да започне со диџејство. Од 2015та е колекционер на “vinyl” плочи и неговите уникатни диџеј сетови и настапи стануваат дел од најзначајните дискотеки и настани во Македонија под името “BerryQyat”. Неговиот рецепт за микс патува низ повеќе жанрови базирани на хаус, проследени со игрив грув и добра динамика.

Митрик и Самарџиски се креатори на платформата ROOMANIA како суб бренд на ROOM 313. Нивниот сајт www.roomania.mk е серијал на аудио подкасти, настани и магазин за електронска музика. 

Настанот е во Петок 26.11.2021, со почеток на полноќ. Влезници може да се купат на врата по цена од 200 денари. За потсетување погледнете како помина настанот ROOMANIA на плажата ОРЕВЧЕ.