Футуристички проекти и креативност на битолскиот фестивал ПАРКО 2047

Парко 2047 е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа за размена на идеи, знаења и забава, на едно заедничко место, во паркот. Парко, 2047 е проект кој директно се залага за создавање на иднината, преку футуристички проекти кои поттикнуваат креативност и тимска работа. „Парко продукција“ е нова граѓанска организација која има за цел да ја поттикне и да даде гласност на новата култура. Културата на новото време која ги интересира младите, а истата да ја афирмира кај повозрасните генерации. Нашето постоење го започнуваме со реализација на првото издание на ПАРКО 2047 ФЕСТИВАЛ кое ќе го реализираме во периодот 19 – 21 Aвгуст 2022 година во градскиот парк во Битола.

На првото издание на парко.2047, ќе настапуваат локални и странски артисти од различни области во музиката. Огромна благодарност до артистите, кои со својот настап ќе го збогатат нашиот фестивал и ќе ги постават темелите за нашите идни проекти. Со нетрпение ги очекуваме Дина Јашари, Алтернатива, Starchild Project и уште многу други врвни артисти, на парко.2047 овој викенд во Градски Парк – Битола, велат организаторите.