Во светот на електронската музика, јубилеите не се само моменти во времето туку и ритам на подиумот низ историјата. Galerie Kurzweil, еден од најреномираните германски клубови за електронска музика, неодамна го достигна својот јубилеј – една деценија на незапирлива музичка и клупска страст. За да го одбележат овој значаен настан и десетгодишно патување, Galerie Kurzweil организираат прослави за љубителите на клупската музика на повеќе страни на светот.
Надвор од светите ѕидови на клубот во Дармштад, Galerie Kurzweil тргнуваат на светска турнеја, носејќи ја нивната единствена атмосфера на добро електризирани музички дестинации во светот. Оваа глобална прослава е доказ за трајното влијание на клубот на електронската музичка сцена. Нивното патување вклучува настани во клубовите во Истанбул (Kafes x Milo Beach), Мајами (Do Not Sit On The Furniture), Берлин (://about blank), Скопје (Epicentar) и Битола (Club Jagoda). Секоја дестинација е избрана соодветно за да го сподели искуството на Galerie Kurzweil со светот, а секој настан ветуваат дека ќе биде незаборавен со електронско музичко доживување. Ова е идеална прилика да ги споиме македонските клубови во оваа светска клупска приказна и да ја ставиме македонската сцена на мапата со квалитетни клупски настани.
Club Galerie Kurzweil, Darmstadt (Germany)
Club Epicentar, Skopje (Macedonia)
Club Jagoda, Bitola (Macedonia)
Што има да каже сопственикот на клубот Galerie Kurzweil, Alper Sepik за идејата и визијата на клубот?
“Уште како тинејџер имав сон да водам свој клуб. Многу сум благодарен што веќе десет години можам да го живеам овој сон заедно со мојот деловен партнер Хуан Гравалос. Не секој има можност да ги реализира своите визии во животот. За мене Galerie Kurzweil значи комбинација на најсовремен звук и естетика во поглед на дизајнот на просториите и уметничките дела во клубот. Нашата цел е да составиме многу квалитетна музичка програма и овде да го собереме “кремот” на меѓународната диџеј сцена. Како клуб за електронска музика во релативно мал град, ова не е секогаш лесно, но ние сме среќни да го прифатиме предизвикот. Нашите два големи проeкти за десетгодишнината, светската турнеја од една страна и винил компилацијата од друга страна, бараа многу труд од нас и горди сме на резултатот . Откако слушнав многу добри работи за електронската музичка сцена во Македонија, навистина се радувам на претстојните настани во Клуб Јагода и Клуб Епицентар!”.
Galerie Kurzweil никогаш не разочарува кога е во прашање музичка програма и селекција на диџеи. Светската турнеја ќе има исклучителни хедлајнери кои го отелотворуваат духот на електронската музика, вклучувајќи го и првото појавување на Praslea во Епицентар, Скопје на 21 Октомври. Praslea е многу повеќе од диџеј и продуцент. Tој е раскажувач на приказни низ своите миксови, архитект на извонредни искуства на подиум и чувар на романскиот андерграунд. Потекнува од “живиот” град Букурешт, Романија. Со склоноста кон минимализмот и уникатната вештина за креирање на хипнотички музички патувања, Praslea го заслужи своето место меѓу елитата во пантеонот на романската музичка сцена.
Неговиот настап ќе биде придружен од резидент диџеите на клубот Galery Kurzweil, Helge Frerikson и Lukas Lehman и македонското електронско дуо Mitrik & Samardjiski. Оваа екипа од 4 диџеи ќе има настап и во клубот Jagoda, Bitola, на 20 Октомври каде ќе презентира квалитетно електронско музичко доживување преку меѓусебни б2б сетови. Клубот Jagoda е избран како дел од оваа турнеа поради својата уникатна и индустриската атмосфера која ја поседува, но несомнено и поради секогаш загреаната млада публика која отворено ја прифаќа квалитетната електронска музика.
Lukas Lehman
Helge Frerikson
Lukas Lehman е страстен музички ентузијаст со длабоки корени во музичкиот свет од млада возраст. Неговото музичко патување го започнува како диџеј, а подоцна работи за музичкиот магазин GROOVE. Со повеќе од 20 години искуство, Lukas носи разновидна палета на влијанија во неговите сетови, од Disco до Afrobeat и Deep House до Melodic Techno. Тој е исто така продуцент познат по хитовите како „Q & H (Lorenz Rhode Remix)“ и „Juno Cuts A Caper“ на етикетата Running Back на Gerd Janson, собирајќи милиони стримови. Lukas тргнува на светска турнеја со Galerie Kurzweil за да ја прослави 10-годишнината, каде што ќе го сподели својот уникатен звук. Неговиот придонес во придружната компилација „Pull Up The Blinds“ е химна за утринските часови.
Helge Frerikson e колекционер на плочи веќе две децении со колекција која брои над 5000 парчиња. Владее со длабоки, груви и минимал Хаус и Техно изданија. Го делел диџеј пултот со легенди како што се Sven Vath, Butch и Kollektiv Turmstrasse. Подкаст серијалот “fromVINYLwithLOVE“, изборот на плочи и насмевката, ги раздвижиле подиумите ширум светот. Неговата честа појава во Galerie Kurzweil придонесува за активностите на клубот, па така и оваа соработка со тимот на roomania.mk е по негова заслуга.
Што имаат да кажат за јубилејната турнеја на клубот Galerie Kurzweil ?
Lukas Lehmann: Веќе подолго време имавме идеја да организираме заеднички настани со придружните клубови и промотори надвор од Германија. Десетгодишнината беше соодветна прилика да се спроведе целата работа во пракса. Проектот е возбудлив, но и голем предизвик, бидејќи се исселуваме од нашата комфорт зона. Овде на лице место добро ги познаваме гостите и условите. Меѓутоа, во другите градови обично преовладуваат различни правила и музички преференции. Начинот на кој се промовира некој настан може исто така многу да се разликува. Затоа соработуваме со локалните заедници кои се со седиште во соодветните градови. Генерално, размената е секогаш нешто позитивно – ова важи и за музичката сцена исто како и за другите области од животот. Среќни сме што можеме да ја прошириме нашата меѓународна мрежа и со големо нетрпение ги очекуваме настаните во Скопје и Битола.
Helge Frerikson: Во јануари 2023 година бев поканет од промотерите на Roomania.mk да настапам во клубот Epicentar во Скопје. Поминавме фантастично. Споделувајќи слична визија за нашата музика, се почувствувавме поврзани веднаш. Поради тоа организиравме заеднички настан во нашиот клуб Galerie Kurzweil во Дармштад, Германија каде беше хедлајнер Traumer и резидент диџеите на roomania, Mitrik & Samardjiski. Така започна нашата врска Скопје-Дармштад. Со претстојниот настан во Скопје, нашето пријателство сега доаѓа на едно ново ниво. Многу сум возбуден што ќе бидам дел од светската турнеја Galerie Kurzweil во Скопје и Битола каде ќе го делам диџеј пултот со Lukas, MItrik, Samardjiski и Praslea за да ја прославиме 10-годишнината од Galerie Kurzweil и нашата врска Германија – Македонија.
Луѓе, музика, конекција и добро искуство на подиум. Тоа е причината поради која ја правиме целата оваа организација
Исто така, во чест на 10-годишнината, Galerie Kurzweil курираше ремек-дело – 3 x винил компилација во боја. Оваа аудио ризница е украсена со неверојатни уметнички дела на талентираниот Jofeca и содржи ексклузивни траки од врвни уметници во индустријата. Со имиња како Gerd Janson (aka DJ Oyster), Cinthie, Lauer × Johannes Albert, Sound Support, Wolfram, Move D и локални легенди како Thomas Hammann (aka Retina Dreams), Terry Lee Brown Junior, Lui Hill, Phonk D, Lukas Lehmann, Levitation Venue и Accent Circonflexe (aka Nouki & Jule), оваа компилација е доказ за посветеноста на Galerie Kurzweil за поместување на границите на електронската музика.
Патувањето на Galerie Kurzweil тукушто започна и нема ограничување до каде може да ги одведе прогресивниот репетитивен ритам на електронската музика.
Повеќе информации за настаните наскоро. Следете го нашиот инстаграм профил!