Три музички стејџови на овогодинешниот Земјотрес во Сабота. Уникатен редослед на артисти на техно стејџот!

На 19-ти февруари (сабота), Младинскиот културен Центар (МКЦ) ќе биде домаќин на 10-тото издание на Фестивалот „Земјотрес“. На програмата е домашна и независна алтернативна музика, на која ќе настапат повеќе од 20 музички уметници на три одделни стејџови. 

Електронската музика завзема свој подиум на фестивалот. Техно подиумот има доста интересен и уникатен редослед на артисти кој досега не се случил во таков состав. Дел од приказната на овој стејџ ќе бидат Mihajlo Dojchinovski, Andrea Salpe b2b Galatheia, Marko Rikalovski, Mirko Popov и момците ROOM 313, MITRIK и SAMARDJISKI со б2б сет.

Го прашавме Мирко Попов која е идејата на фестивалот и како дојде до креирање на комбинацијата на артисти на техно стејџот. Ни одговори вака..

               “Земјотрес, како фестивал, но и духовна придобивка, отсекогаш бил обединувачки фактор на домашната музичка сцена. Три стејџа е императив, а низ нив дефилираат артисти од сите можни музички линии, без разлика дали се почетници, или супер стар имиња. Таа линија се огледува и на техно стејџот, кој сосем спротивно од поделбите и недовербата кои за жал во последно време владеат на македонската електронска сцена, секогаш обединува различни имиња, пред се врз база на квалитетот и сработеното во изминатата година. Така и овој пат, ќе се пофалиме со фантастична комбинација на почетници, младост и искуство. Михајло Дојчиноски е апсолутен почетник, кој неодамна издаде деби албум и ова е негов прв фестивалски настап во животот. Диџеј Магија се еден од водечките електронски состави во МКД, а Марко Рикалоски и покрај младоста, веќе е етаблиран и мошне популарен на скопската диџеј сцена. Room 313 дефинитивно се во голем налет на освојување на домашните подиуми за танц и ќе биде привилегија да се проследат, а и овој 10ти Земјотрес, како и сите претходни, техно стејџот ќе го затворам токму јас, што е секогаш прекрасно и еуфорично искуство.”

Нема вакцина за “Земјотрес”, зема па тресе!!

За 10-ката на „Земјотрес“ најавени се и следните бендови и артисти: 350teric, Avelina, Basement Cult, Corrosion, Cruel, Cut Your Nipple, Demency, Kanton6, Lufthansa, Mamut, Marija Kaeva, Mirko Popov Quartet, S.A.M, Sexy Marsa & Friends, Shirshaja, Taxi Consilium, Xajka.

За повеќе информации следете го официјалниот facebook настан, како и facebook страницата на фестивалот.

Целовечерното дружење и на 10-тото издание носи нови, но и веќе препознатливи чинители на нашата алтернативна музичка сцена. Од МКЦ информираат дека влезниците се во строго ограничен број, до исполнување на 50 отсто од постојните капацитети.

Обезбедете влезници на време!