Интервју / tIJN

Mе возбудува тестирањето на нова и свежа музика во клуб, било тоа да е диџеј сет или лајв настап.

TIJN е продуцент и диџеј од Велика Британија, кој е основач на следните етикети: Into The Wizards Sleeve, In Haus Wax, Deep Edition Recordings и TIJN етикета, плус уште неколку неименувани проекти.

Од 2007-ма година издава музика под името Martijn, но од неодамна го усвоjува името TIJN, како сериозен пристап кон неговата аналогна продукција.

Има настапувано заедно со реномирани имиња на музичката сцена, како што се: Sonja Moonear, Nicolas Lutz, Steffi, Arapu, Priku и Dyed Soundorom, секогаш претставувајќи ја неговата замисла и пристап кон хаус и техно музиката.

TIJN често е на турнеја низ Европа и Велика Британија, настапува на многу места во Берлин, Париз, Амстердам и Барселона,  како и во Манчестер, Ливерпул, Лидс и Глазгов. Резиденција има и во Лефтбек Рекордс со седиште во Нотингем.

Негови изданија може да се слушнат и за Mosscow Records на Archie Hamilton, вклучувајќи супер ремикс на хаус легендата, Silverling и EP на Curtea Veche со ремикс на Viceversa.

  1. Да започнеме со мотивацијата и инспирацијата како основа на твојот процес на создавање, од каде ги добиваш?

Мојата мотивација доаѓа со проектите или настаните на кои работам. Продуцирам од 2007ма година и сè уште ме возбудува носењето и тестирањето на нова и свежа музика во клубот во кој работам, било тоа да е диџеј сет или лајв настап. Инспирацијата доаѓа кога на подиумот ќе кликне се она што сум го замислил. Во тој момент, времето внесено и потрошено на проектот целосно се исплаќа. Се обидувам да носам нови, свежи музики на секој настан.

  1. Со колку етикети управуваш во моментов?

Моментално го водам “Into the Wizards Sleeve” со мојот партнер Хајдн. Целосно сум посветенво работата со “OGE”, “Curtea Veche” и “FA>IE”, плус сите под-етикети, а ги има многу! Всушност има и некои кои не се толку познати и вклучуваат демо, A&R, мастеринг и уметнички креации.

  1. Твојот придонес во музичката сцена е едноставно неверојатен и изгледа како да не се успорува. Како управуваш со твоето време за да го направиш сето тоа?

Агендата ми беше прилично полна изминатиов период. Се тоа што наведивме горе и дополнително турнеи со недели во САД, Австралија и Азија. Секогаш најдувам време кога мора да се исполнат роковите, дури и да е еден час тука или таму. Јас сум всушност сосема непродуктивен кога имам многу слободно време. Работам подобро под притисок, но во моментов не се оптоварувам премногу. Се фокусирам на мојот лајв сет, континуирано учам за целата работа да ми биде свежа и возбудлива. Работам и на мојот прв албум, земајќи елементи од моите лајв настапи.

  1. Можеш ли да не прошеташ низ твојот процес на продукција?

Моите продукции обично започнуваат на ист начин, имам многу хардвер и сето тоа е поврзано на начин каде што можам само да снимам и да импровизирам, градејќи траки на секое парче опрема во исто време додека се снима сè одеднаш. Ако сметам дека звучи добро, тогаш додавам ефекти и ја ставам како драфт за тестирање. Ако е успешен тестот, тогаш ја деконструирам по секции и во зависност со која машина мислам дека ќе одговара најмногу на траката, како на пример Pioneer SP16 за траки со 16 секции. За траки со помалку секции користам Electron Octatrack со 8 секции.

  1. Последното прашање за музичката продукција, кажи ни нешто за твојот омилен студиски хардвер?

Како и повеќето хардверски лудаци, имам поминато низ опрема, некои користени многу кратко, некои користени подолго и некои кои никогаш нема да ги продадам. Така што одговорот на ова прашање би бил “Tanzbar” ритам машината. Не е воопшто комплицирана, не треба многу процесирање и секогаш пресекува микс и ти дозволува да продолжиш на друга секција од траката.

Плажата Оревче гарантира уникатно музичко доживување покрај Охридското езеро. Не ги пропуштајте настаните кои се случуваат на оваа плажа, следете ги нивните социјални мрежи и бидете во тек со новостите и музичката програма.

Цената на влезниците е 300 денари и ќе може да се набават на самиот влез. Се гледаме на подиум !!!