Целодневен електронски хепенинг во кумановско.
"Пикник у Пелинце"

Оваа година одиме една скала погоре, сакаме овој настан да го дигнеме на едно повисоко ниво и заедно со Вас од година во година да растеме како фестивал, велат организаторите.

Во кумановското село Пелинце, во Меморијалниот центар АСНОМ, во сабота во 12 часот ќе започне „Пикник у Пелинце“.  Настанот се одржува по втор пат, а влезот е бeсплатен.

Предвидена е музичка програма од 13 часа, повеќе културнo-уметнички активности и камп зона. 

Организаторите најавуваат богата електронска музичка програма каде ќе настапат едни од најактивните македонски диџеи, DJ Flooder, Dado K. & Mamli, DJ Vaso, Jansky, Cobе, Igor Cige, Dyad , Mitrik & Samardjiski, Bojan Fildzi, Marko Di, Marko Ripple, Impulse, Progressive wave. Специјален гостин и хедлајнер на настанот ќе биде српскиот диџеј и продуцент Andrew Meller.

Andrew Meller e миленик на македонската публика. Гостувал во повеќе градови низ Македонија и несомнено има голем број на фанови кои го следат и уживаат неговиот музички правец. Неговото музичко патување започнува од 2014 година каде експериментира помеѓу хаус, дип хаус и техно, со што цврсто го дефинира неговиот рецепт за микс. Прво поголемо издигнување како продуцент доживува во 2018 година со ремиксот на “Insomnia”, кој се рангираше високо на beatport листите, влегувајќи во трка за “трака на годината”. Неколку месеци подоцна Glasgow Underground ја објавува  неговата преработка на безвременската “Bоrn Slippy”, која го задржа првото место на beatport цели 50 дена и ја доби титулата на најкупувана трака за 2018 година. Поддржано од најголемите имиња на светската електронска сцена, ова издание му донесе на Andrew Meller светска слава и настапи на најреномираните електронски фестивали низ светот. 

Во продолжение може да го слушнете неговиот сет на плажа Оревче, минатото лето. 

На настанот “Пикник у Пелинце” ќе биде поставена „чил зона“. Oрганизаторите апелираат посетителите да бидат совесни и да ја чуваат природата. 

Повеќе детали за настанот, како и локација како да стигнете до таму може да најдете тука.