“Умoвни улички” или “Mind Alleys” е насловот на третата сезона на Roomania

Митрик и Самарџиски со најновиот микс ја затвораат втората сезона “Break Away” или “Oслободи се” од серијалот Roomania.

Концептот и идејата е ослободување, или како што симболизира постерот да се „искорнеме од оковите” на негативни мисли кои ги наметнаа медиумите и општеството. Музичкиот стил соодвествува со името на сезоната и сите миксови жанровски се во “Break-beat” стил.

“На 21ви Април, сезоната ја отвори Nairless, продуцент и сопственик на издавачката куќа “Aurore 404” од Париз, Франција. На 5ти Мај издадовме микс на Марко Настиќ, добро познат на јавноста, за кој ни е огромна чест што ја прифати нашата покана и се согласи да сними “breakbeat” микс за “Roomania”. Третата епизода ја препуштивме на Berryqyat, диџеј и музичар од Битола, кој ни подари доста интересен избор на “breakbeat” продукции.

Четвртата епизода ја одложуваме за во наредна прилика, гостинот од Србија поради оправдани причини не можеше да ја стигне на предвидениот датум.” истакна Митрик.

“Во третата сезона, која ја нарековме “Умовни улички” или “Mind Alleys”, ни гостуваат артисти од Хрватска и Мексико и секако македонска подршка од наши истакнати диџеи. Mузички, концептот ќе опфаќа deep и мелодичен хаус звук. Артистите ќе ги најавуваме редоследно еден по еден. Графичкиот приказ и дизајнот на третата сезона ќе биде поразличен од претходните и е дело на Долорес Соколова.” открива Самарџиски.