Легендарната локација на клубот Jагода. ROOMANIA го завзема клубот во Петок.

Како и повеќето познати клубови за електронска музика ширум светот, клубот е на внимателно избрана локација - напуштен магацин во железничка станица од 19 век.

Клубот Јагода е навистина кул клуб! Сместен во индустриска градба, во која огромните звучни системи го исполнуваат просторот со модерна електронска музика. Како и многу други познати техно клубови ширум светот, Јагода е на внимателно избрана локација – напуштен магацин во железничка станица од 19 век. Верувајќи дека легендарните клубови се градат на еуфорични приказни за атмосферата во нив, клубот Јагода е начеток на една легендарна приказна. Ова е клуб кој  е посветен да биде битолскиот извор на електронската алтернативна култура. Под команда на своите искусни вештини и диџеј спинови, земаат настап етаблирани  имиња на македонската електронска сцена, но од друга страна, мисијата на клубот е како институција да лансира кариери на нови диџеј имиња чија релација на жанрови се движи низ варијации на хаус и минимално техно, до тврдо техно или експериментална електронска музика.

Во престојната викенд програма, нов ROOMANIA настан ќе се случи во Петок. Позади диџеј пултот застануваат Mitrik & Samardjiski кој со својот музички избор ќе се обидат да им ја разиграат ноќта на битолчани.

Во продолжение може да ја прегледате и преслушате третата сесија која ја објави клубот, некаде во средината на пандемијата, каде токму Mitrik & Samardjiski селектираа едночасовно музичко патување.

Настанот е во Петок 10.12.2021, со почеток на полноќ. Влезници може да се купат на врата.