Двигателот на гевгелиската клупска сцена Firma од Mosaik Kollektif, во новиот настан на Roomania во клуб Епицентар
Селекцијата на музика на момците од Mosaik Kollektif e секогаш нова и возбудлива.Веруваме во изборот на Firma и очекуваме разигран подиум : ))
Месечната резиденција на Room 313 и нивните настани насловени Roomania го објавија своето најново издание кое ќе се случи во клубот Епицентар. Гостин е супер енергичниот Firma oд Mosaik Kollektif. Во продолжение прочитајте повеќе за гостинот и преслушајте дел од неговите миксови и авторски продукции.
Иван Сарамандов – Firma е дел од електронското дуо Mosaik Kollektif од Гевгелија, кои повеќе од 15 години работат како диџеи, продуценти и промотери на електронска музика. Зад себе имаат 4 винилни изданија за продуцентски куќи како Funky Town for Kenny Dope, Sabotage Rec. Wall of fame и Midnight Riot.
Во моментов работат на нова плоча за италијанската куќа Saturno Sound Records.Firma континуирано ја негува гевгелиската клупска сцена преку свои настани, секоја Среда [СДЗС], во кафе-барот “У”.
Без стилски ограничувања, во неговите сетови може да се слушне nu disco, house и tech. Настапувал на повеќе места низ Европа и делел ист диџеј пулт, рамо до рамо со Dan Shake, Kornel Kovac, Lapien etc.,
Организатори и резидент диџеи на настанот се Samardjiski и Mitrik. Тука може да го преслушате нивниот микс со кој ја затворија втората сезона на аудио-серијалот Roomania. Ги слушаме во живо во Епицентар.
Цената на влезниците е 200 денари и ќе може да се набават на самиот влез. Дозволениот капацитет на дискотеката ќе биде до 50 %.