Клубот Епицентар повторно доаѓа на Охридско езеро со две незаборавни журки на бродот "Галеб"!

И ова лето доаѓа со нова енергија, полна со авантури и радост. Охридското езеро, познато по својата природна убавина и историско значење, останува центарот на внимание и оваа летна сезона. Оваа година, повторно, особено возбудливо е за љубителите на електронската музика, бидејќи на бродот “Галеб” ќе се одржат уникатни настани со електронска музика.
 

Клубот Епицентар од Скопје, познат по своите иновативни забави и динамична атмосфера, носи свежа доза енергија во Охрид. Ќе понудат искуство што не се заборава лесно, со две спектакуларни журки кои ќе ја оживеат површината на езерото. Не смеете да го пропуштите уникатно пловење низ Охридското езеро кое ви го подготвуваат заедно со бродот “Галеб”.

На 01 & 03 Август (2024 година) се закажани двете журки, на кои ќе настапат добро познати диџеи на македонската електронска сцена, придружени од одлични колеги кои настапуваат низ регионот и целиот свет.

Првиот ден е резервиран за DEJAN DEX, STOJCHE и MIKE STEVA.

DEJAN DEX e ден од најпознатите и најпрефинети ДЈ-и во нашата земја, со обемно искуство како ДЈ и продуцент. Се истакнува со внимателен избор на музика. Неговите сетови се познати по динамиката на раскажување низ своите сетови. Со значајни изданија на Satya и Afterme, тој е и клучен куратор на издавачката куќа Pirka. Pirka брзо се изгради на глобалната сцена, позната по својот конзистентен квалитет и исклучителни музички изданија.

STOJCHE останува стабилна фигура на андерграунд техно сцената. Потекнува од Скопје,  под влијание на звуците од Мотор Сити, кое го насочило да истражува и обликува својот пат во техно музиката. Како коосновач на “Argumento Music” во 2009 година и основач на својот соло проект “Tangible Assets” во 2011 година, Стојче има значителен придонес за бројни издавачки куќи. Настапувал во познати клубови како Tresor, Fuse и Berghain, каде ја презентиконекција со корените на техното, електро, хаус и даб музиката.Моментално живее во Мадрид, и продолжува да ја обогатува сцената со својата страст кон музиката.

MIKE STEVA e ДЈ и продуцент на хаус музика од Мелбурн, Австралија koj има над 100 изданија и соработки со врвни имиња и издавачки куќи на светската музичка сцена, како што се Dixon & Ame (INNERVISIONS), Osunlade (YORUBA RECORDS), Louie Vega (MASTERS AT WORK) и Simon Dunmore (DEFECTED RECORDS). Неговата музика комбинира електронски звуци со фолклорни песни и етнички инструменти. Познат по своите органски ритмови и културно богатство, MIKE STEVA создава уникатен и привлечен звук. Тој ги поместува границите на хаус музиката и е интернационално признат по својот единствен стил.

Вториот ден на програмата се MITRIK, BAZEL и диџејката NADEZDA од Белград.

MITRIK e мултимедијален креативец, ДЈ и промотор на електронска музика и еден од коосновачите на Room 313, промотерска асоцијација позната на македонската електронска сцена по своето десетгодишно работење. Во 2021 година ја лансира Roomania.mk, мултимедијална платформа која вклучува аудио епизоди, музички настани и електронски музички магазин. Митрик настапувал во врвни клубови и делел сцена со познати имиња во индустријата. Неговите сетови се комбинација на длабоки ритмови и електризирачка енергија. И оваа година повторно на бродот на Епицентар да ја повтори минатогодишната забавна атмосфера.

 

BAZEL е еден од најпознатите ДЈ-и во Скопје. Поранешен член на колективот Pollux. Учествувал во многу значајни настани и фестивали во Македонија. Неговата резиденција редовно промовира талентирани ДЈ-и од Македонија и регионот секоја недела. Повторно, ќе ја повтори енергијата што се случуваше на нашиот брод минатата година и за која сè уште се зборува.

NADEZDA e позната фигура во Белград, која започнuva како модел во 2009 година, пред целосно да се посвети на музиката во 2022 година. Од 2014 година, таа е ДЈ, започнувајќи ја својата кариера во Ben Akiba (Белград) каде подоцна станува резидент ДЈ. Нејзиниот талент ја трансформираше ноќната сцена на Белград. Со настапи на значајни фестивали како EXIT Festival и Lovefest, Nadezda настапувала во земји како Австрија, Швајцарија, Франција, Германија, Грција, Израел, Малдиви и Португалија. Таа е препознаена не само по својата музика, туку и како глобален патник.

 

Билетите се во строго ограничен број и можат да се набават од MAKKA BAR во Скопје, со претходна резервација. Цената изнесува 1000 денари за еден ден во претпродажба, а на врата ќе чинат 1200 денари, доколку останат билети. Се гледаме на бродиум! 🙂