Епицентар на Охридското езеро. Како поминаа двете журки на бродот “Галеб”во Охрид? (Видео)
Настаните кои клубот “Епицентар”, во соработка со бродот “Галеб”, ни ги подготвија ова лето поминаа над очекувањата. Со пополнет капацитет и на двете изданија на 1ви и 3ти август, овие забави се покажаа како вистински хит на Охридското езеро. Несомнено, организацијата на забави на брод преминува во традиција, нудејќи идеален период за време на летната пауза, меѓу работните сезони на клубот Епицентар. Идејата за организирање на ваков настан е инспирирана од слични забави на брод ширум светот, но, сепак, она што ги прави овие настани уникатни е спојот на природната убавина на градот Охрид, Охридското езеро, сензуалните зајдисонца и искуството на скопскиот клуб “Епицентар” како лидер во организирање на забави со електронска музика.
Иновативните забави и динамичната атмосфера донесоа свежа доза енергија и незаборавно искуство. На бродските забави, посетителите имаа можност да уживаат во настапите на врвни артисти: Dejan Dex, Stojche & Mike Steva на првиот ден, и Mitrik, Nadezda и Bazel на вториот ден.
За да ја почувствувате магијата на овие настани, погледнете ги кратките филмови кои клубот ги објави на нивниот YouTube канал, продуцирани од S.B. Studio. Овие снимки ќе ви овозможат за момент да ја доживеете атмосферата. Оние што не биле, веруваме ќе се заинтересираат во иднина да ги посетат летните настани на клубот “Епицентар”.
Клубот “Епицентар” продолжува со својата работа во Скопје. Од goodктомври најавуваат уште една возбудлива сезона, исполнета со многу настани секој викенд. Подготвени се да го понудат најдоброто од електронската музика, со спектакуларни настапи и незаборавни забави. Очекувајте нови музички трендови, иновативни концепти и енергични атмосфери што ќе го направат секој викенд уникатен. Спремете се за нови авантури и незаборавни моменти во клубот “Епицентар” оваа есен!