The Epicenter club is moving to Lake Ohrid with two parties on the boat Galeb!
Летото со себе носи сонце, топлина и желба за незаборавни моменти на забава и одмор. Охридското езеро е една од најубавите и најпопуларни туристички дестинации во регионот, која секоја година привлекува голем број на посетители со својата убавина. Оваа година има и причина плус да бидете дел од забавниот живот кој го нуди летото во Охрид. Доколку сте љубител на електронската музика и вода, истовремено, големо изненадување за забава пристигнува на бродот “Галеб” низ Охридското езеро.
Скопскиот клуб Епицентар, познат по своите епски забави и одлична атмосфера, спрема вистинско шоу за сите свои почитувачи и оние кои сакаат да уживаат во несекојдневно летно искуство. Ова лето, Епицентар се сели на Охридско езеро, и тоа со нешто сосема посебно – две незаборавни журки на бродот “Галеб”.
На 31.07 и 01.8 се закажани двете журки кои како хедлајнери ги носат добро познатите диџеи и продуценти Andrew Meller и Kiko Navarro.
Andrew Meller е светски признат диџеј и продуцент на електронска музика. Со својата изразита страст кон музиката и иновативен звучен стил, тој брзо стана еден од најреспектираните и најбарани имиња на клубската сцена. Неговата музика е карактеризирана со динамични ритмови, мелодични елементи и несекојдневни трансформации, што му обезбеди позиција на врвот во електронската индустрија. Преку своите настапи и продукции, Andrew Meller продолжува да ja води публиката на незаборавни патувања низ светот на клубската магија.
Kiko Navarro е истакнат диџеј и продуцент од Шпанија, со долгогодишно искуство и влијателна присутност во светската клубска сцена. Со музички корени во хаус и техно жанровите, Кико ја обогатува својата музика со разни мелодии и традиционални елементи, што ја прави уникатна неговата музика. Неговите сетови се познати по прекрасната игра со емоции и танцувачка енергија. Како прочуен амбасадор на добрата забава, Кико Navarro ја воодушевува публиката низ светот со својата музичка мајсторија.
Хедлајнерите на овие две прекрасни забави на брод ќе бидат поддржани од едни од најактивните македонски диџеи Bazel, Mitrik, Andrej Micajkov и Soul Case.
Билетите се во строго ограничен број и можат да се набават од MAKKA BAR во Скопје, со претходна резервација. Цената изнесува 1000 денари за еден ден во претпродажба, а на врата ќе чинат 1500 денари доколку останат билети. Се гледаме на бродиум! 🙂