Четвртиот викенд од електронската програма на плажата Оревче со врвен лајнап на артисти

"Шармантен флерт на диско музика и германски даб минимал.

  И овој викенд плажата Оревче ќе биде главното место за љубителите на квалитетна електронска музика. На 22ри(петок), отворањето на викендот му припаѓа на Lephonq, 23ти(сабота), плажата ја превземаат Jansky, Redon Roby и Tim Green, а 24ти(недела), затварањето е во умешните раце на Runy[CMOK] заедно со Mitrik и Samardjiski од Roomania.

Стефан Рончевиќ – Runy [CMOK] е промотер, диџеј, продуцент и основач на проектот CMOK (Centar Muzičke Omladinske Kulture) . Овој човек ја вложува целата своја енергија во единствена визија за развој на електронската музика во локалната заедница во која живее. Организира забави, букира домашни и меѓународни артисти користејќи ја сопствената интуиција за музика. Следењето на сопствената енергија и неговиот талент го доведоа до успех. Сепак, добрите букинзи не се единствената тајна за популарноста на Runy и CMOK. Музиката што ја прави, диџеј сетовите и префинетата селекција на музика,  се тајната формула зад успешната приказна на CMOK.

                                  

Минатата година на Runy беше одбележана со серија настапи низ целиот регион, од големи фестивали до мали клубови.

Во неговите сетови може да се слушнат сурови звуци на познатата ритам машина 909 и ретро бас од деведесетите испреплетени со микро-хаус елементи на француската и романската електронска сцена. Шармантен флерт на диско музика и германски даб минимал.

Неговата продукција е ослободена од жанровски ограничувања, а неговите експерименти со џез цитати и имагинативната употреба на техно форми го претставуваат Runy како искусен продуцент кој создал впечатливи врвни изданија.

Ова е втора година со ред како Roomania настаните заземаат замав на плажата Оревче. Првото издание од проектот ROOMANIA на Оревче минатата година со Димитри Монев[Bulgaria] помина извонредно со убава енергија како што може да се види на видеото. Не помалку се очекува од овагодишното издание на Roomania на Оревче во Недела.

Плажата Оревче гарантира уникатно музичко доживување покрај Охридското езеро. Не ги пропуштајте настаните кои се случуваат на оваа плажа, следете ги нивните социјални мрежи и бидете во тек со новостите и музичката програма.

Цената на влезниците е 200 денари и ќе може да се набават на самиот влез. Се гледаме на подиум !!!