Germany has officially confirmed that techno is music, and the DJ is a musician.

Високиот германски финансиски суд со својата последна пресуда воодушеви многу фанови на техно музиката и организатори на бројни забави, иако, реално, само го потврдиле она што сите го знаеме одамна.

Имено, одлучено е дека техното е музика, а диџејот е музичар. Ова само по себе не би значело многу, но повлекува намалување на висината на даноците што клубовите ги плаќаат за организирање на забави со електронска музика. Досега во Германија се плаќаа билети со 19% данок, а отсега данокот паѓа на дури 7%.

Ова е особено важно бидејќи според германските даночни правила, износот на данокот се намалува доколку настанот се организира како концерт.

Данокот на настани се одредува според тоа дали „просечниот посетител“ доаѓа на местото да слуша музика или причината е нешто друго. За заслуга на судиите, техното, хаусот и сличните електронски жанрови се дефинирани како музика, а посетителите како слушачи. Рeјв настаните и клупски забави со диџеи, ги потврдиле како форма на концерти.

„Диџеите не само што пуштаат музика од носач на звук, туку и изведуваат свои музички дела користејќи инструменти во најширока смисла на зборот за да создадат звучни секвенци со својата креативност“, стои во делот од пресудата со ознака на грамофони, контролери, миксети, плеери како музички инструменти. 

Ајде да повториме што одлучија германските финансиски судии: Техно е музика, а диџеј е музичар!

Извор: www.nighttime.org