EПИЦЕНТАР слави 8 години со моќен B2B на SHDW и STOJCHE

Епицентар, по осум години активна работа, се утврди како еден од клучните играчи на ноќната сцена во Скопје, собирајќи љубители на клупската музика од сите генерации. Со новата сезона што започна на почетокот на октомври, клубот донесе свежина и иновации, ветувајќи незаборавни моменти и квалитетна музика. 

Овој месец, по самото отварање на новата сезона, клубот најавува прослава по повод 8 години постоење со ексклузивен б2б сет на артистите STOJCHE и SHDW.

Stojche е еден од нашите најуспешни продуценти на електроснка музика кој во моментов живее во Мадрид, а настапи брои низ целиот свет. Стои зад проектот Tangible Assets, преку кој ја истражува и усовршува својата препознатлива продукција во стилот на Детроит. Има бројни изданија на плочи за a.r.t.less, Syncrophone, Fuse Brussels, Conform, Mutual Rytm. Mutual Rytm e издавачка куќа преку која SHDW ги лансира своите возбудливи проекти во етер. SHDW во последната декада има оставено длабок печат на светската техно сцена и како соло артист, но и како една половина од влијтелното техно дуо SHDW и Obscure Shape.

Stojche и SHDW настапувале со б2б сетови во многу познати клубови, но ова ќе биде нивни прв настап во Скопје, во клубот Епицентар.

Настанот е закажан на 26 Октомври, сабота, со старт после полноќ. Влезници ќе може да се купат на самиот влез по цена од 400 денари. Овој настан не е само прослава на 8 години, туку и прослава на клупската заедница, на љубовта кон музиката и моментите на задоволство.