Електронско лето на плажата Оревче. Roomania ја отвора официјалната музичка програма на 2ри Јули.

И ова лето љубителите на електронска музика ќе имаат можност да уживаат на омилената плажа со најдоброто од електронската музика . Плажата Оревче која со години ја поддржува независната сцена, за претстојното лето нуди музичка програма која ги изненадува домашните посетители, но предизвикува гости и од други држави.
Иако со задоцнето официјално отварање кон средината на Јуни, оваа година менаџментот на плажата Оревче и нивните пријатели кои ја предводат македонската електронска сцена, се изборија да резервираат одлична музичка програма низ целото лето. Во програмата се вклучени светски и регионални реномирани артисти, чии настапи ќе бидат надополнети со истакнати македонски диџеи кои ја негуваат и презентираат модерната електронска култура во Македонија.
Потврдени се букинзите на следните артисти.
Layla Benitez, харизматична диџејка и продуцентка, со клупско педигре кое носи корени од резиденцијалните журки на нејзиниот татко во фамозниот клуб Студио 54, Њу Јорк. Англискиот продуцент Tim Green, русинот Gorje Hewek, англичанецот tIJN и германското дуо Frankey & Sandrino.
Регионални музички имиња кои ќе настапат се: Thilini, Runy, Filip Fisher & Lobor D, Mike Steva. Сите настани ќе бидат поддржани од најистакнатите македонски диџеи и продуценти, кои континуирано ја одржуваат витална македонската клубска култура.

Првичната најава и идеја за отворање на плажата беше со тридневен фестивал, но поради временските услови беше откажан. Честа да ја отворат официјалната програма на плажата ја имаат екиpата на ROOMANIA, кои на 2ри Јули ја превземаат плажата. Тимот од 5 диџеи – Mitrik, Samardjiski, DIMITR, Alexandar и Dafilov, ќе се погрижат да ја отворат музичката програма со добра забава.

Плажата Оревче гарантира уникатно музичко доживување покрај Охридското езеро. Следете ги нивните социјални мрежи и бидете во тек со новостите и музичката програма. Доколку сте љубители на електронскиот звук, оваа еклектична летна приказна е само за вас.
Ова е целосната музичка програма низ престојното лето:
Плажата Оревче е дефинитивно вашата летна музичка дестинација.
