И ова лето љубителите на електронска музика ќе имаат можност да уживаат на омилената плажа со најдоброто од електронската музика . Плажата Оревче која со години ја поддржува независната сцена, за претстојното лето нуди музичка програма која ги изненадува домашните посетители, но предизвикува гости и од други држави. Иако со задоцнето официјално отварање, поради доградба на нов денс подиум, оваа година менаџментот на плажата Оревче и нивните пријатели кои ја предводат македонската електронска сцена, се изборија да резервираат одлична музичка програма низ целото лето. Во програмата се вклучени светски и регионални реномирани артисти, чии настапи ќе бидат надополнети со истакнати македонски диџеи кои ја негуваат и презентираат модерната електронска култура во Македонија.
Потврдени се букинзите на следните артисти:
Petar Dundov е хрватски продуцент на електронска музика и диџеј. Mеѓународно признаен за својот уникатен пристап кон електронската музика, со микс на мелодични и атмосферски звуци со динамични ритмови. Дундов ја започнува својата кариера во раните 90-ти години и од тогаш издал низа пофални албуми и синглови на познати лејблови како Music Man Records и Cocoon Recordings. Неговата музика се карактеризира со длабоки, хипнотични ритмови и мелодии кои создаваат трансцендентни музички искуства. Со својата способност да создава емотивни звучни пејзажи, Петар Дундов е почитувана фигура на електронската музичка сцена и продолжува да ја освојува светската публика со своите заводливи настапи. Неговиот настап на плажата Оревче е на 22 Јули.
Per Hammar е шведски продуцент и диџеј. Тој е познат по својот придонес на андерграунд хаус и техно сцената. Со кариера која трае повеќе од деценија, Пер Хамар гордо носи привилегии во електронската музичка индустрија. Неговите продукции и диџеј сетови често прикажуваат комбинација на длабоки, груви ритмови и хипнотични мелодии, создавајќи заразна и енергична атмосфера на подиумот. Пер Хамар издал музика на различни лејблoви и настапувал на прочуени места и фестивали низ светот. Неговата страст кон музиката и способноста да се поврзе со публиката преку својот звук го потврдуваат талентот и неговата значајна улога во заедницата на електронската музика. Неговиот настап е на 30 Јули заедно со диџеј екипата на Roomania.
Marlie го започнува своето патување потопена во одличната хаус и техно заедница на Лондон. Неизбежниот повраток во Австралија, на источната обала во 2016 година, и дава нова можност и настапи во респектирани клубови на градот каде го создава својот проект Roots. Проектот собира креативни музичари и остава неизбришлив печат во андерграунд културата на Сиднеј во последните неколку години. Моментално базирана повторно во Лондон, нејзиниот звук продолжуваат да го конзумираат расположени лица на подиумот и надвор од него. Во нејзин сет може да се слушнат комбинација на ударни перкусии и мелодични хаус грувови кои хипнотизираат и возбудуваат. Нејзиниот настап е резервиран на 29 Јули.
Lea Dobricic е позната диџејка и продуцентка на електронска музика од Србија. Таа стекнала меѓународно признание за своите енергични диџеј сетови и уникатно спојување на хаус и техно звуци. Со кариера која трае повеќе од деценија, Леа Добричиќ настапувала на бројни престижни места и фестивали низ целиот свет. Нејзината страст кон музиката и способноста да создава еклектична атмосфера го потврдуваат нејзиното реноме како една од водечките личности во глобалната електронска музичка сцена. Нејзиниот настап е на 1ви Август.
Овие водечки артисти на регионалната и светската електронска сцена ќе бидат придружувани од најактивните македонски диџеи.
Во останатите денови од престојната сезона, програмата на плажата Оревче ќе биде пополнета со квалитетна електронска музика со најистакнатите македоснки диџеи и продуценти. Екипата на Roomania својот прв настан оваа сезона ќе го има на 8ми Јули, на кој ќе настапат Mitrik, Samardjiski и Dafilov, со свои DJ сетови. Настанот ќе започне во 12 часот на пладне и ќе трае до 19 часот. Цената на влезниците ќе чини 100 денари.
Плажата Оревче гарантира уникатно музичко доживување покрај Охридското езеро. Следете ги нивните социјални мрежи и бидете во тек со новостите и музичката програма. Доколку сте љубители на електронскиот звук, оваа еклектична летна приказна е само за вас.