Roomania by Room 313
Што е "Roomania"?
Еден од најновите наши проекти е подкаст серијал со име “roomania”. Како платформа за презентирање на проектот ја избравме SoundCloud, каде форматот на плејлисти го користиме да ги подредиме изданијата по сезони.
Серијалот ќе вклучи миксови од квалитетни диџеи / продуценти, кои се инспирираат од романската андерграунд електронска музичка сцена и се сериозни „копачи“ на убави мелодии.
ПЕШТЕРА ОД РАЦЕ
Ја симболизира клупската култура во деновите кога беше најгласнa и врската „диџеј кабина – подиум“, беше најблискa. Сликата на кренати раце претставува високо ниво на среќа и уживање, кои се директен резултат на едно нешто што ги поврзува сите овие фрагменти заедно – музиката.
ОСЛОБОДИ СЕ
Концептот и идејата е ослободување, или како што симболизира постерот да се „искорнеме од оковите” на негативни мисли кои ги наметнаа медиумите и општеството, а во кои сме заробени сега. Сето ова ќе помине, но дотогаш мора да живееме слободно во сегашноста, прифаќајќи ја новата „нормалност”.
Музичкиот стил секако ќе соодвествува со името на сезоната и сите миксови ќе бидат жанровски во “Break Beat” стил. Ова е начинот на кој успеваме да се ослободиме и реализираме. Веруваме дека можеме да го пренесеме и на нашата публика. Новата сезона е технички посериозна и поголема, вклучувајќи големи имиња и искусни професионалци во електронската музика.
УМОВНИ УЛИЧКИ
Отворена е новата сезона на проектот „Roomania“ од Room 313, проект кој промовира квалитетна музика од квалитетни уметници и досега e доста успешен. Третата сезона, “Mind Alleys”, обликува идеја за длабоко нуркање во своите мисли и истражување на кривите улички на умот. Да се биде во можност за познавање и контролирање на мислите што минуваат низ умот на дневна основа, не е лесна задача, но со помош на длабоките звуци на третата сезона, дел од притисокот ќе биде ослободен. Затоа, нурнете длабоко во првата епизода од оваа сезона и започнете да ги истражувате уличките во вашиот ум.
Што е "room 313"?
Како што кажува самото име, 313 беше бројка на соба во студентски дом. Тоа беше во студентските денови, во 2013 година. Таму се роди идејата што живее до ден-денес и го изгради нашиот секојдневен стил.
Најчесто настаните ги организираме на многу различни локации, што има позитивна страна на запознавање и вмрежување со различни луѓе. Секој од тие луѓе на некој начин ни помогнал и е дел од некој наш настан.
Броиме повеќе од 100 организирани настани, клупски и фестивалски.
Mitrik, Samardjiski, LTX
Мисија
Промоција на модерна електронска музика.
визија
Здружени со повеќе креативци од различни домени, веруваме дека можеме да го променеме светот.
Вредности
- Докажана организација
- промоција на нови артисти
- задоволна публика