Пикник у Пелинце 2024
[интервју]

"Оваа година букиравме добро познати имиња на електронската сцена во Европа", велат организаторите.

Во пресрет на четвртото издание на пикник у пелинце кое ќе се одржи на 15 и 16 јуни ,во меморијален центар Асном – Пелинце, Куманово, направивме кратко интервју со организаторите:

Здраво момци, добредојдовте повторно во нашиот магазин. За оние што незнаат, ајде накратко да споменеме кратко инфо околу почетоците на фестивалот. Од каде дојде идејата за ваков тип на фестивал и зошто фестивалот се вика Пикник у Пелинце?

Идејата дојде во 2020 година односно во периодот кога бевме под строги мерки и незнаевме од ден за ден што треба да правиме и како треба да се однесуваме. Во целиот тој недостиг за повторна дружба решивме да организираме фестивал и да се обидеме да го промениме барем малку расположениетоо кај луѓето. Идејата за името е поттикната од раните спомени кои ги имаме сите кои живееме во Куманово. Сите екскурзии во училиштата до средно образование се одржуваат во Пелинце, односно кај Мемориалниот Ценар АСНОМ и кога ќе се спомне зборот Пикник кај нас веднаш асоцира на Пелинце. Затоа фестивалот го носи името Пикник у Пелинце.

Како течеше целата организација изминативе четири години? Во што ќе се разликува овогодинешното издание на фестивалот од претходните изданија?

Првото издание се случи на 20ти септември со само 5 локални артисти и минимални средства, настанот траеше само 8 часа поради мерките за ковид. Втората година веќе имавме гости од соседството, ни гостуваше познатитот продуцент и дј Андре Милер , третата година повторно имавме надградба на фестивалот со дополнителен стејџ и гости од четири држави. Во тоа издание на фестивалот наши гости беа Sobek (HUN) , Lerr (MON) , REA (ALB) , INNERSENSE (SRB) , Kristijan Molnar (SRB). Оваа година за прв пат фестивалот ќе трае два дена, односно 15ти и 16ти јуни, со повеќе од 30 изведувачи од четири држави.

Кои се хедлајнери за оваа година? Што очекувате од овогодишното издание на фестивалот Пикник у Пелинце и што можат да очекуваат посетителите?

Оваа година ангажирамве добро познати имиња на електронската сцена во Европа, одлични артисти кои со години наназад ја освојуваат публиката со својата харизма и енергија која ја пренесеуваат, но и со своите препознатливи изданија кои ги вратат многу светски дџ-и на своите сетови ширум светот, тоа се AIKON(ESP) и BAIME (DEN). Од регионот ги имаме Vahicabi(SRB), Despic (SRB) и Jelly from the babies(SRB) исто така со голема подршка и до домашните артисти кои се повеќе од 20 оваа година и ова е одлична можност и за нив да се претстават на четрвртото издание на Пикник у Пелинце.

Исто така на овогодишното издание нашите посетители ке имаат можност за кампување кое ке биде обезбедено за сите што ке бидат пристну со дводневната фестивалска карта , за храната ке се погрижат добро познатите JOJO BURGER , ќе имаме FLEX CHILL ZONE каде ќе можат сите посетители да се опуштат и реалксираат , PURIFY THERAPY за секој кој ќе има потреба за масажа , детски и друштвени игри за сите возрасти , ЈОГА часови и многу други активности кои ќе бидат дел од ЧЕТВРТОТО ИЗАДНИЕ НА ПИКНИК У ПЕЛИНЦЕ. Ги покануваме сите ваши читатели да го посетат нашиот фестивал и заедно да креираме прекрасни спомени во нашето Пелинце.

Повеќе информации на www.piknikupelince.mk